Малика Фавр

29.03.16 02:20

Заводливоста и суптилната еротика се највпечатливите елементи во илустрациите на француската илустраторка Малика Фавр која живее и работи во Лондон. Нејзините илустрации потсетуваат на делата на израелскиот илустратор Нома Бар, најмногу во геометриските форми, едноставните облици и нагласената употреба на чисти тонови.

„Мојот пристап кон илустрација главно се состои во спојување на нештата. На тој начин се обидувам да дојдам до суштината на темата на која работам со помош на неколку линии и бои, колку што е потребно за да се пренесе есенцијата на идејата“– вели уметницата. 

 

Извор: illusion.scene360.com

ОкоБоли главаВицФото