Луѓето кои редовно јадат лук имаат помали шанси да заболат од сексуално пренослива болест

29.03.2016 14:11
Луѓето кои редовно јадат лук имаат помали шанси да заболат од сексуално пренослива болест

Скопје, 29 март 2016

Истражувањето на Институтот за гастрономија и дерматовенерологија од Македонски Брод покажа дека секојдневното консумирање лук значитело го намалува ризикот од сексуално преносливи инфекции. Тимот научници кој работел на ова истражување октри дека мирисот на ова растение ефикасно штити од сексуални односи и така го спречува пренесувањето на венерични болести.

„Лековитите својства на лукот се познати со векови. Се покажаа добрите резултати во борба против настинката, грипот, разните видови тумор, но досега немавме доказ дека е ефикасен во спречувањето на половите болести“, објаснува д-р Горан Екимовски, еден од научниците кои работеле на овој проект.

„Резултатите кои ги добивме покажуваат дека голем процент од лицата кои секојдневно јадат лук немале никакви сексуални односи ниту венерични болести. Неговото дејство речиси моментално го неутрализира сексуалниот нагон кај потенцијалните партнери и така превентивно го намалува ризикот од несаканите последици“, вели Екимчев.

Научниците од Македонски Брод ги повикуваат граѓаните, а особено младите, да обрнат внимание на ова истражување и да ја испитаат во пракса ефикасноста на лукот.

Извор: www.njuz.net