Мерки за штедење во ФФМ: Македонија ги предава службено следните 100 натпревари

30.03.2016 04:03
Мерки за штедење во ФФМ: Македонија ги предава службено следните 100 натпревари

Скопје, 30 март 2016

Фудбалската федерација на Македонија најави дека наскоро ќе започне со програмата за штедење, со која ќе биде опфатен тимот на македонската А-селекција.

Имено, следните 100 натпревари, без оглед дали се квалификациски или пријателски, Македонија ќе ги предаде со службени 3-0 за противникот, со цел да ги намали трошоците за нивно одигрување.

„На овој начин, кога ќе играме како гости, ќе заштедиме на патни трошоци, а кога ќе бидеме домаќини, ќе ги елиминираме трошоците за рефлектори, судии, редарски служби и слично“, изјави првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски.

Со мерките за штедење нема да бидат опфатени единствено функционерите вработени во ФФМ, чиишто плати ќе останат непроменети.

Оваа вест израдува дел од македонските репрезентативци, кои велат дека баш и не им е дојдено до играње фудбал, додека другите се разочарани затоа што повеќе не можат да се обложуваат на натпреварите на македонската репрезентација.