Кој ги замолчува македонските новинари?

03.05.2010 11:19
Кој ги замолчува македонските новинари?

 Зошто Македонија е сè полошо рангирана на листата на Фридом Хаус? Годинава e на 94-та позиција. Од земјите од регионот зад неа се само БиХ и Косово. Што мислат новинарите - кој ја ограничува слободата на печатот?

Загрижувачка состојба во новинарската професија, застој во сферата која по дефиниција треба да биде општествена авангарда и столб на демократските процеси. Новинарите се соочуваат со слабости во сопствените редови, немоќни се пред интересите на сопствениците на медиумите, неотпорни на влијанието на политиката. Главниот уредник на „Дневник“ Сашо Кокаланов се повикува на мудроста која вели дека слободата не се дава, туку се освојува. Затоа новинарите треба да тргнат од себеси во битката против ограничувањето на слободната мисла.

“Има една изрека која вели - ’Кога ќе речам слободен сум, веќе е направен чекор кон освојување на слободата’. Значи ние треба прво во нашите глави да се ослободиме од автоцензура, потоа да се избориме со нашите газди, со менаџерите. Ако не успееме, илузорно е да очекуваме власта, која по дефиниција се труди да го освои медиумскиот простор, да ни ја даде слободата на тацна“, вели Кокаланов.

Политички амбиции на медиумските газди

Самокритична е и Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“. Но, според неа, политичките амбиции на медуимските газди најмногу ја ограничуваат слободата на печатот. Бројот на критички настроени медуими се зголемува правопропорционално со намалувањето на обемот на владини реклами во нив, вели Костова.

“И во времето на Милошевиќ имаше медуими кои го критикуваа неговиот режим, но тоа не значи дека имаше слобода на печататот“, вели Костова.

Треба да се менува свеста

Реалноста остава простор за надеж дека доаѓаат поубави денови за журналистичката работа. Но треба да се менува свеста, на новинарите истовремено и на политичарите, смета шефот на информативната редакција на А1 телевизија, Младен Чадиковски.

“Дефинитивно е потребна промена на свеста. Власта да сфати дека критиката не е удар врз неа, туку обид да се натераат политичарите да работат подобро. Да сфатат дека ние не сме малициозни кога критикуваме, туку ги ловиме грешките за утре да не се повторат. Кога тоа ќе го сфатат ќе има подобри денови за новинарството“, вели Чадиковски.

Македонија е една од земјите со најголем број на медуими по глава на жител, особено елетронски. Бројноста ги прави финансиски слаби и неотпорни на бизнис и политички влијанија. Ако на почетокот на транзицијата плурализмот во медуската сфера беше браник на демократските вредности, сега медиумите се заразени со вирусот на непрофесионализам и недоверба во јавноста. Се разбира, исклучоци има, а јавноста нив најдобро ги препознава.

Извор: deutsche welle

mini - novinari

Interesno i paradoxalno. Petreski od a1 pisuva za ,,slobodata,, na novinarite. Vrv na licemerieto, pa uste i urednikot glaven cadikovski go prasuva, a ovoj so nevin i romanticen odgovor replicira deka se ,,nadeva,,. kakva hipokrizija, kakvo sarlatanstvo! Ne objasnuvaj coveku sto e slobodno novinarstvo, pokazi deka takvo postoi ! A kako ? pa lesno napisi nesto i samokriticno za nasokata na tvojata tv, i ostani na rabota posle i ti za mene kje bides nazavisen novinar ! Ete da tolku e lesno ! Napisi deka si svesen deka Velija, upravuva i so tv i so pecat, sto e vo sprotivnost so zakonite vo zemjata i da kje bides za mene i za drugite nezavisen sloboden novinar! Napisi kolku pati dosega Branko doagjase vo kancelarija kaj Velija zaedno so urednicite da ja kroite tv politikata, napisi, i da kje bides sloboden novinar za mene! Napisi deka vrabotenite vo tvojata tv, kolegite, se prijaveni na minimalec od 9000 den. a primaat pogolemi plati, no penzijata kje ja mislat. Napisi, i kje te cenam. Koja e taasloboda, koe e toa licemerie da ja navreduvas inteligencijata na lugjeto so vakvi natpisi ??Napisi, coveku i so delo pokazi, ne deli lekcii, bidejkji od bezobrazluk preminuvas vo agresija.