Спектакуларно археолошко откритие: во центарот на Скопје пронајден ментален склоп од средниот век!

02.04.2016 12:10
Спектакуларно археолошко откритие: во центарот на Скопје пронајден ментален склоп од средниот век!

Скопје, 2 април 2016

Археолошки тим од Австрија кој дошол на одмор во Македонија, сосема случајно дошол до спектакуларно археолошко откритие. Имено, археолозите, додека се шетале низ центарот на градот како туристи, случајно наишле на ментален склоп од средниот век.

„Во почетокот не можевме да им веруваме на нашите очи, но потоа погледнавме повнимателно, и речиси без копање го откривме менталниот склоп, кој најверојатно датира од средниот век“, вели еден од археолозите.

Овој научник и неговите колеги прво сакале да го оградат местото и да го заштитат како археолошки локалитет, но набрзо се премислиле, бидејќи сфатиле дека менталниот склоп од средниот век го има и на многу други локации во градот.

„Интересно е тоа што овој археолошки локалитет е на сигурно и нема потреба да го штитиме. Сигурни сме дека ќе преживее и без наша помош. А веќе од утре планираме да ги посетиме и другите градови во Македонија, во потрага по слични наоди“, велат од австрискиот археолошки тим.

Иако откритието е свежо, во тимот веќе се јавува разногласие во врска со периодот од кој тоа датира.

„Постојат сериозни причини да веруваме дека пронајденот ментален склоп не е од средниот век, туку од камено време“, вели еден од истражувачите.

Адаптирано од: Sprdex