Фејсбук ќе ги брише профилите на корисниците кои имаат повеќе од 10% вистински пријатели

04.04.2016 15:00
Фејсбук ќе ги брише профилите на корисниците кои имаат повеќе од 10% вистински пријатели

Скопје, 4 април 2016

Фејсбук воведува уште една драстична новина - бришење на профилите на корисниците кои имаат повеќе од 10% Фејсбук пријатели со кои се познаваат со животот. Управата на Фејсбук ја донела оваа одлука по повеќегодишна анализа во која се покажало дека лицата со повеќе вистински пријатели повеќе време поминуваат надвор, одат на вистински настани, помалку лајкуваат и имаат многу поголема тенденција за вистински живот.

По подолга потрага, успеавме да дојдеме до човек на кого профилот му е избришан, еден млад алпинист, параглајдерист и гитарист во рок бенд кој сакаше да остане анонимен.

„Ми го избришаа профилот бидејќи поминував премногу време надвор, со пријателите. Повеќето мои пријатели на Фејсбук ги познавам се дружам со нив. Ете, жал ми е што сум жртва на ваквата сегрегација. Отсега со нив ќе се договарам преку мејл“, изјави вознемирениот младич.

Иако оваа вест ги зовре емоциите на социјалните мрежи, Фејсбук ги смирува страстите со друго истражување, кое покажало дека оваа промена ќе опфати само 1% од корисниците, што повторно е повеќе од вкупниот број корисници на Гугл+.

Извор: News-bar