
Студиото Red Nose е студио за 3D илустрација кое се наоѓа во Гринфилд, САД, и е предводено од самоукиот скулптор Крис Сикелс. Овој уметник креира ексцентрични светови со кукли, и сето тоа го прави на интелигентен и шармантен начин. Неговите фасцинантни ликови се направени од мноштво различни неочекувано пронајдени материјали и предмети, кои потоа Сикелс ги фотографирал сместувајќи ги во необични сценарија.
Резултат на неговата инспиративна работа се неверојатни 3D илустрации, со комбинирање на димензии, бои, светла и цртежи. Наградуваните илустрации на студиото Red Nose се појавуваат во весници, списанија, книги и реклами во САД и во други земји.
Извор: www.rednosestudio.com