1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 04:59
Периодот Едо во Јапонија, кој траел од 17 до 19 век, се карактеризирал со економскиот раст и ригиден социјален ред, карактеристики кои помагале да се зајакне нереализираниот интерес за уметноста, културата, забавата и, секако, сексот.
Додека повеќето бракови меѓу маж и жена во тоа време биле договорени, сексот меѓу двајца мажи воопшто не бил невообичаен, иако често се држел настрана од очите на јавноста. Еротските средби меѓу истополови партнери најчесто се реализирале во три области: области за задоволство со црвено осветлување, кабуки театарот, и преку шунгата или еротската уметност.
Уметничките претстави на еротски средби меѓу двајца мажи, познати како наншоку, потешко се наоѓаат во аналите на шунга сликите, отколку оние со слики на сексуално вешти октоподи. Сепак, ретките шунга пергаменти или дрвени плочи со рачно изработени слики од страна на уметникот Мијагава Чошун, кои биле заштитени од погледот на јавноста од 1970-тите години, и кои прикажуваат мажи како водат љубов, неодамна биле откриени од страна на аукциската куќа „Бохамс“.
„Во строго регулираното општество во периодот Едо во Јапонија не било невообичаено луѓето да копнеат за околности и можности кои не им се дадени од раѓање“ – изјавил директорот на „Бохамс“ и голем познавач на јапонската уметност, Џеф Олсон. „За повеќето, скапите посети кои значеле уживање во забранетото задоволство биле надвор од дофат, па илустрираната еротика била одлична замена.“
Додека повеќето шунга уметнички дела ги нагласуваат гениталиите, делата наншоку повеќе се фокусираат нежната и романтична страна на врската. На некои од нив може да се гледа како нежна алтернатива, на други и како хардкор порно. Паровите обично се состојат од еден постар човек и помлад партнер, облечен во раскошно кимоно и со традиционална женска фризура. Уметничките претстави често ги потенцираат луксузните детали на облеката и изгледот на младиот љубовник.
Впечатливите рачно изработени дела на Чошун истовремено се минималистички во однос на бојата и елеганцијата, и грандиозни во своите детални нацрти на кимоното и чудните сексуални позиции. Контурите на љубовниците се исцртани со темно златна нијанса, а тие се претставени во некој лебдечки свет, проголтани од фантазијата на своите желби.
Возбудливото ре-откритие било вклучено во една аукција на „Бохамс“, во која делата се продавале за 37.500 долари, како дел од осмата годишна азиска недела во Њујорк, прослава по повод промоција и афирмација на културното значење на азиската уметност.
Слики: Miyagawa Choshun (1683-1753)
Извор: www.huffingtonpost.com