Објавена збирката кратки раскази на тема помирување, избрани на конкурсот „Бибер“

05.04.2016 10:51
Објавена збирката кратки раскази на тема помирување, избрани на конкурсот „Бибер“

Со задоволство ве известуваме дека е објавена збирката кратки раскази на тема помирување, избрани на конкурсот, „Бибер“ кој е организиран во текот на минатата година.

Во збирката има 25 избрани раскази, од кои три, на автор(к)ите Владимир Табашевиќ, Надиа Герас и Слаѓана Љубичиќ се наградени на конкурсот. Избраните и наградени раскази ги избра жирито во состав Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ.

Бидејќи конкурсот „Бибер“ беше повеќејазичен, во збирката сите раскази се објавени на босански/хрватски/црногорски/српски, македонски и албански јазик.

Промоциите на збирката ќе бидат одржани во текот на мај во Сараево, Скопје и Белград, а се надеваме, подоцна, и во други градови во регионот.

Збирката можете да ја преземете во ПДФ формат на следниот линк.

ОкоБоли главаВицФото