Демек ја сум луд? За тебе сум чудак и лудак?!

05.04.2016 15:12
Демек ја сум луд? За тебе сум чудак и лудак?!

 

Растен сум со стриповите на Загор

Демек ја сум луд?
За тебе ја сум чудак и лудак.
Се мачи твојата психа да ме свари и имаш гасови и запек.
Значи, растен сум со стриповите на Загор.
Тоа е едно типче со чук кој скока од дрво на дрво
и спашава сè што треба да се спаси;
кавалер, праведен, никад не зима поткуп,
секад се жртвува за сите, сите ги теши, не мисли за себе,
се фрла и се тепа за да спаси жени, деца, старци,
не се плаши од ништо, секад е насмеан и позитивен,
нон-стоп анализира што се случува
и што треба да направи наредно за да го спаси светот.
Нешто како Тарзан, ама без мајмуни и слонови.

И не е само тој кој ме направил ваков чуден
па не можеш да ме сфатиш.
Тука се и Валканиот Хари,
сите ликови на Џон Вејн,
ликот на Брус Вилис од сите делови на Умри Машки,
Жан Валжан од Клетници
(да не речеш дека немам прочитано книга; една имам),
сите карактери и од нашата историја
(на пример Гоце Делчев и Јане Сандански
се отсликани како големи мадафакери,
храбри курајбери кои не ебавале жива сила)...

Татко ми исто никад не ги ценел лижогасците,
ги презирал врскаџиите, алчните, неправедните, арогантните;
по дома ми влевал емпатија кон сиромашните, онеправданите
и омраза кон локалните и државните мафијаши и моќници.
Никад не сум го чул татко ми да договара заговор,
прљава игра, да земал поткуп, да лижел нечиј задник,
да се умилкувал, да се преправал пред некого, да крадел,
да зборел „ако бе така му треба, кој го ебе, што ти е гајле,
глеј си ти твојот интерес, кој ги ебе другите, лажи, мами,
биди свиреп, немај образ, немај срам, прај се глуп и луд...“
Тоа ми го велеше мајка ми ама ја никад не ја слушав...
Кој знае, крајот ќе каже дали се заебав...

Тебе, црни Бетмене, тоа ли те учеа по дома?
„Сине, ич кур да не ти чуе, глеј ти да се врзеш со тие кои се на власт,
не ги жали онеправданите, сила бога не моли, глеј си ти чарето,
глеј си ти магарето, накриви си ја капата и свиркај си.“
Тоа ли беа лекциите за пред спиење, Бетменчо,
Затоа ли не можеш да ме разбереш и за тебе ја сум чудак и лудак?!


Се сеќавам како да беше вчера

Се сеќавам како да беше вчера.
А беше 1997-ма.
Пред безмалку 20 години.

Ууу јеботе, почнав и ја вака,
значи сум остарел,
жена ми ќе падне у депресија
кога ќе го чита ова.

Ја тогаш бев
ватрени Ѕинговист.
Латас ми беше идол. Јбг, тоа е.
Што да ви кажам,
имав само 17 години
и летата ги поминував
на село со овци и кози и крави,
толку сум разбирал.
Ваљда сега не е така.

Бев жесток
ама без компас.
Сега се надевам дека не е така.
Моите другари тогаш
ме замразија засекогаш.

Јас потоа кренав раце
од политика и новинарство
и се фатив со наука,
сакав да пробам
дали тоа ќе ми легне.

Ми се згади
од македонската политика
после таа цензура
и тоа искуство
во Кратово од 1997-ма.

не сакав потоа 20 години да пушам.
Тие пушеа и еве каде се,
еве каде сум јас.

Да му го јадете курот
на Ерол Ризаов!

Слушате ли бре
Грујо,
Мартине,
Аџиев,
Миленко,
Мирка,
Илче и остала
багра хоштаплерска.


Заблуда

Замислете, јас водам војна
со Мирослав Грчев
притоа го користам
мојот карактеристичен
треш ток и сочни пцовки и масакрирања
а во исто време неговиот син
исклучително близок со својот татко
со знаење на татко му
ми донирал неколку стотина евра
да купам камера за да го ловам Грујо?!
Во тој момент се почувствував како морон
како залетан бик кој од црвената застава
на која е фокусиран
не гледа ништо околу него
и ги забива роговите во газовите
и на тие што ми даваат вода да се напијам
и навиваат за него во битката со матадорот.


When I'm Sixty-Four

Знам дека нема да ја имам енергијата и еланот и по 10 години.
Ќе се јават првите сериозни здравстени проблеми,
староста ќе почне да ме кочи,
стравот од смрт ќе почне да ги нагризува оптимизмот и еланот,
моите родители ќе почнат да покажуваат
сериозни
старосни
тегоби,
децата ќе почнат
да ми ја цицаат енергијата со своите проблеми
кои ќе стануваат сè посериозни...
...........................
Сè досега беше младешко занесување,
летање во облаци.
Време е да се берат плодови,
па макар собирал и по земја презреани
или пак берел
зелени
ситни
ниско на гранките.


Плачев кога го слушав денешниот прес!

Плачев кога го слушав денешниот прес!
Плачев од среќа затоа што сè е веќе готово.
Плачев од страв каде тоа ние сме живееле, ова ниту јас не го очекував.
Плачев од горчина зашто сите нè правеа будали
кога зборевме дека живееме во лудо општество.
Плачев од бес и лутина како можеле ова да си го дозволат,
како можеле ова да ни го прават!
Плачев од горчина за сите жртви на прогонот
кои во моментов се во Идризово и Шутка!
Плачев од адреналин и гордост
дека учествувам во ослободувањето на Македонија!

Плачев зашто издржавме!
Долгата битка е завршена, преживеавме!

МАКЕДОНИЈА Е СПАСЕНА!

ГОТОВИ СЕ!


Слики: Свирачиња