Синта Видал

06.04.16 12:33

Синта Видал е шпанска уметница која студирала на ликовната Академија Massana во Барселона. Прикажаните дела се дел од нејзината најнова изложба насловена Gravitant, која неодамна се одржа во Барселона. Со оваа серија на слики, уметницата сака да покаже дека сите живееме во еден свет, но сите го правиме тоа на многу различни начини.

Синта прави комбинација од повеќе перспективи кои ѝ пркосат на гравитацијата, овозможувајќи им на делата да ротираат за набљудувачот да може да ги открива скриените светови во секоја слика. Насликани на дрвени панели со акрилни бои, сликите на Видал реферираат на т.н. „безгравитациски конструкции“.

Извор: weandthecolor.com

ОкоБоли главаВицФото