Ветил дека ќе почне диета од понеделник и навистина ја почнал

06.04.2016 11:53
Ветил дека ќе почне диета од понеделник и навистина ја почнал

Скопје, 6 април 2016

Познато е дека сите диети почнуваат од утре или од понеделник, но сè досега не беше познат пример на човек кој навистина се држел до таквото ветување.

43-годишниот Баже Мојсов од Скопје веројатно е првиот човек во Македонија кој најавил дека наскоро ќе почне да држи диета и навистина се држел до своето ветување.

Чудното поведение на овој скопјанец го пријавила неговата сопруга, која била загрижена дека нешто не е во ред со нејзиниот брачен другар.

„Отидов до најблиската амбуланта и им се пожалив на лекарите дека со мажот ми се случува нешто необично. Досега најмалку десет пати најави дека од следниот понеделник ќе почне да држи диета или да вежба, но се разбира, тоа никогаш не се оствари“, раскажува вознемирената сопруга на Баже.

Лекарите ја тешеле дека ова не е единствен случај на вакво однесување и ѝ влеале надеж дека по 2-3 месеци сè ќе си дојде на свое место, а тој ќе престане да внимава на својата линија и здравје.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото