1035 hPa
85 %
-8 °C
Скопје - Вто, 20.01.2026 02:59

Новите гаќички кои се користат за време на месечниот циклус кај жените дозволуваат тие да можат да крварат директно врз лицата на политичарите кои не се залагаат за здравјето на жените.
Благодарение на компанијата наречена Cute Fruit Undies сега жените можат да дадат политичка изјава, и тоа на крајно необичен начин. Компанијата има нова колекција на долна облека за месечниот циклус наречена Bloody Marys која ќе го апсорбира месечениот проток на крв на жената во слика од политичар испринтана на материјалот. Политичарите чии слики се појавуваат на долната облека се познати по својата неспособност да апсорбираат релевантни и точни информации кога станува збор за законската регулатива за телото на жената.
Долната облека е опремена со т.н. „контејнер за крв“ со ликот на еден од деветмината политичари, вклучувајќи ги оние од Републиканската партија како што се Доналд Трамп, Тед Круз и Сара Пејлин. Доколку заинтересираните меѓу нив не го најдат оној што го сакаат, не треба да се грижат, бидејќи основачката Сара Палатник е отворена за предлози.
.gif)
На веб-сајтот на Палатник стои изјавата:
„Со текот на времето ќе ја дополнуваме нашата колеција со уште вакви парчиња долна облека, па доколку вашиот омилен навредувач на репродуктивните права не е тука, наскоро сигурно ќе се појави! (Сакате да предложите некој особено ужасен?)“ Ова е нашата е-маил адреса: cutefruitundies@gmail.com
Долната облека е направена од антибактериски материјал кој ја задржува течноста, и доаѓа во комплет со посебен апарат кој помага да се смират грчевите во стомакот. Овие политички гаќи можат да се купат на etsy.com, но побарувачката моментално е толку голема што ќе мора да чекате од четири до шест недели. Покрај тоа, третина од 29,99 долари колку што чини секое парче, ќе бидат донирани за организацијата Planed Parenthood.
Палатник објаснува за Huffington Post: „Она што ме инспирираше е идејата дека можеш да гласаш со својот долар. Тоа најчесто е најмоќна форма на активизам, без разлика дали тоа ни се допаѓа или не ... Претходно имав колекција на долна облека со феминистичка тематика, па долната облека со политички елементи е природна прогресија.“
По сите глупости кои излегуваат од устите на овие политичари, сега жените ќе можат да ја потпишат својата изјава со крв.
.gif)
Извор: deadstate.org