1035 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Саб, 18.01.2025 07:59
Скопје, 8 април 2016
Македонската влада најави дека енергично ќе се зафати со решавање на проблемот со иселувањето на младите од Македонија, а за таа цел, веќе се почнати подготовките за изградба на ѕид и ограда околу македонските граници.
Оградата со бодликава жица со жилети, како и високите бетонски ѕидови, треба да им помогнат на младите да се ангажираат повеќе околу наоѓањето работа и егзистенција во својата татковина.
„Пред да се решиме на ваков чекор спроведовме истражување. Од двајца учесници во истражувањето, кои се обидоа да ја прескокнат поставената жилет-ограда, ниту еден не премина преку границата, а едниот од нив најде работа како чувар на игралиште, откако зеде членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од владата.
Тие се големи оптимисти во поглед на резултатите од ваквото решение, но за младите кои по секоја цена ќе сакаат да ги прескокнат оградата и ѕидовите имаат посебна програма.
„Во депоата на МВР и АРМ се наоѓа одредена количина снајпери кои не се употребуваат, па поставувањето снајперисти на границите би требало да ги натера и најнадежните иселеници да се премислат и да останат во својата татковина“, објаснуваат од владата на Република Македонија.
Слика: Небојша Гелевски