Ново сечено, лепено, креирано и монтирано видео на Странски служби, во соработка со Монти Пајтон: Никола Груевски сам против себе на изборите на 5 јуни!
Тие креираат политичка култура во која минорните активности изгледаат како великодушност
Кога Мицкоски лета дронови додека чисти ѓубре и нè уверува дека во реформите сме далеку пред Црна Гора и Албанија, само ЕУ никако да види, тоа не е глупост на човек што страда од делузија, туку политичка тактика. Политичката стратегија на денешното ДПМНЕ не е ништо друго, освен менаџирање на очекувања (празни контејнери како ултимативна цел), превентивно смислување изговори (ЕУ не нè сака) и создавање илузија на напредок (наводно завршени ЕУ реформи).
Политичарите менаџираат со нашите очекувања, не само реторички, туку и структурно. Преку спуштање на критериумите, така што не се занимаваме со суштински теми, како сообраќај, инфраструктура, јавни површини и паркинзи, туку само и исклучиво со ѓубре. Тие креираат политичка култура во која минорните активности изгледаат како великодушност.