Казахстанизам

04.05.2010 11:47
Казахтанизам

Во 2006 година во светот мошне добро помина филмот „Борат: Културни учења за тоа како Америка придонела за величествената казахстанска нација.“

Не беа вистински ниту Борат, ниту темите во филмот, ниту портретирањето на Казахстан во него. Борат, како што сите знаат, е креација на британскиот комичар Саша Барон Коен кој сосема случајно го избрал Казахстан како место на потекло на главниот лик во сатирата. Но, и покрај очигледната нереалност на карактерот, за многумина филмот не беше смешен. Под „многумина“ се подразбираат, пред сè, членовите на казахстанската влада. Додека известувачот за казахстанскиот весник „Караван“, Андреј Шуков, филмот го прогласи за „најдобриот филм на годината“, а во Борат го виде човекот кој ги „исмејува Американците“, казахстанската влада реши да протестира зашто, според нив, „Борат не влијае добро на имиџот на Казахстан“ освен ако „анти-семитизмот“, „копулацијата со кози“ и „хомофобијата“ се сметаат за привлечни карактеристики.

Додека дел од Казахстанците – оние свесните и сигурните во она што се, успеаја (барем оние кои го видоа филмот) да го препознаат хуморот во сатирата на Борат и да го прифатат како – хумор, казахстанските лидери решија да го искористат настанот за промоција на својот „патриотизам“ и „љубовта кон земјата“. Поради претпоставената штета што Борат наводно и’ ја нанел на земјата тие решија да реагираат доста драматично.
Филмот не беше прикажан во казахстанските кино сали, а владата на Казахстан се закани дека ќе го тужи Саша Коен за негативното портретирање на земјата. Казахстанските лидери побараа и средба со американскиот претседател Џорџ (Даблју) Буш со кој разговараа за имиџот на својата земја.

Соочени со сатиричниот „напад“, лидерите на зафрлената и недоволно позната централно азиска земја решија да реагираат на типичен советски начин: со параноја и со јадни диверзии како што е блокирање на веб страницата на Борат од казахстанскиот веб простор. Откако заканите не го исплашија Борат, ниту успеаја да ги убедат Американците да не го емитуваат филмот во својата земја (кој заработи $67.8 милиони во американските кино сали и остана на врвот на листата на најгледани филмови цели две недели) властите се решија за поизбалансиран пристап: трошење буџетски пари за контра-кампања за промовирање на Казахстан како привлечна земја за инвестиции и како земја која е пример за религиозна толеранција.

Откако инвестицијата во реклами на CNN, New York Times и International Herald Tribune не го донесе посакуваниот интерес во „економскиот и демократски рај“ наречен Казахстан кај западните инвеститори, казахстанската влада не изгуби верба. Властите решија да се обидат со методите на Борат и да возвратат со свој филм. Задачата за менување на „гледањата на Американците“ и останатиот свет во однос на Казахстан му ја доделија на еден од најдобрите режисери во светот, наградуваниот Милош Форман кој застана зад продукцијата на филмот за која од казахстанската влада доби $40 милиони. Буџетското ќесе на Казахстан ги вработи и американските глумци Џеј Хернандез и Марк Дакаскос. Но, за најскапиот казахстански филм на сите времиња „Номад“, казахстанските власти по сè изгледа немаа „доволно време“ да ги пронајдат модерните успеси и вредности на казахстанската култура па решија да се потпрат на историјата во промовирањето на „сопствената големина“ пред западната публика. „Номад“ е историска епска приказна сместена во Казахстан во осумнаесеттиот век. Филмот ја раскажува храбрата борба на младиот Аблаи Кан кој расте за да ја одбрани тврдината Туркестан во јужен Казахстан од нападот на непријателите Ѕунгари.

И покрај позитивните критики за визеулноста и продукцијата на филмот (неверојатни се нештата коишто можат да ги купат $40 милиони), филмот не успеа да заработи ни $100.000 во американските кино сали.
Неспособноста на параноичните лидери на Казахстан да се зафатат со решавање на вистинските проблеми кои го „уништуваат“ имиџот на земјата (проблемот наречен непостоење на имиџ поради уништувањето на малкуте реални вредности кои можат да му ги понудат на светот) се зацементира во моментот кога Борат успеа да издаде и Известување до медиумите од просториите на Белата куќа за време на официјална посета на САД од страна на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев. Неспособните казахстански лидери не само што успеаја да се вплеткаат во апсурдот наречен Борат (на своја штета) туку успеаја да покажат дека воопшто не се на повисоко ниво од измислениот казахстански репортер.

И додека Казахстанците се фрустрираа од сатирата на Борат, во Македонија значаен дел од населението беше гордо што во филмот се слушаат звуците од познатата „Чае шукарие“ на Есма Реџепова. Но и тие не додржаа да не го тужат Борат за кршење на авторски права (кои се испостави дека уредно ги добил од холандската продуцентска куќа која ја застапува г-ѓа Реџепова). На крајот се испостави дека нејзе и’ биле исплатени 26.000 илјади евра. Навредена поради „исмевањето на Ромите“ во филмот Реџепова ја прекина соработката со продуцентите (но не одби да ги прифати парите) додека гордите „Македонци“ лелекаа поради големата неправда и бараа, во најмала рака, еден милион долари отштета поради искористувањето на „македонското национално богатство“.

Како и да е, речиси пет години подоцна за поголемиот дел од западниот свет Казахстан е сè уште непозната централно азиска земја со бруто национален производ поголем за само $2000 од БДП на непознатата балканска земја наречена Македонија. По милионската ПР кампања за промоција Казахстан конечно успеа да види странски туристи за време на фудбалскиот натпревар со Англија во 2009 година (коинцидентно и Македонија се соочи со првиот наплив на Англичани од истата причина), за кој казахстанската влада го забрза процесот на издавање визи во својата продолжена „анти-Борат“ кампања.

И покрај тоа, Казахстан останува во групата на најкорумпирани земји во светот, со стапка на корупција која Transparency International ја опишува како “нескротлива“, за разлика од Македонија која се наоѓа во групата земји со „значитечна“ корупција (можеби зашто Македонија ја имаше „среќната околност“ Борат да не ја земе „низ нозе“?!) Фамилијата на казахстанскиот „патриот“ Назарбајев продолжува да биде во центарот на судски процеси со западни влади во кои тој е обвинет за перење пари, подмитување и атентати. Медиумите во Казахстан и понатаму се строго контролирани од страна на властите, додека навредите и шегите на сметка на претседателот се сметаат за кривично дело. Казахстан продолжува да се наоѓа на листата на земји кои ги кршат човековите права и продолжува да се соочува со висока стапка на невработеност и сиромаштија.

Но, како и своите собраќа во Македонија, казахстанските власти не се откажуваат од „решавање“ на проблемите во сопствената земја. На неодамнешниот Нуклеарен самит во Вашингтон, Казахстан беше единствената земја чиј претседател издвои дел од буџетот на своите граѓани за да се „претстави“ пред граѓаните на главниот град на САД како најзагрижениот лидер во светот кој работи на „уништување на нуклеарниот отпад“, а со тоа и покажувајќи грижа за иднината на светот. Градот осамна со скапо платените постери со ликот на Назарбајев на сметка на петнаесет проценти од населението на Казахстан кое преживува под прагот на сиромаштија.

Потребен ни е Борат, се чини, за да ги препознаеме вистинските Борати во светот.

Додека да ја дочекаме екранизираната верзија на „македонскиот филм“ (одамна во подготовка) кој ќе ја одбрани честа на македонската нација пред светот кој постојано и’ го уништува „имиџот“ и „идентитетот“ не ни преостанува ништо друго освен да се угледаме на примерите на нашите сообраќа по „патриотизам“. Ако за ништо друго, да заштедиме $40 милиони долари кои можеме да ги искористиме за нешто друго. На пример, убаво би било да се инвестираат во поттикнување на сатирата во земјава. Можеби тогаш конечно ќе научиме потолерантно да ги примаме шегите на своја сметка.

Рационализација ли е

Рационализација ли е рационализација... Терај си, очигледно немаш попаметна работа освен да удираш контри на секој нивни потег. У тотална дефанзива...

Милош Форман? Да не си

Милош Форман? Да не си грешка???

Да провереше пред да прашаш,

Да провереше пред да прашаш, ќе го имаше одговорот: не е грешка.

The Ghost of Munich (2011)

  1. The Ghost of Munich (2011) (in production)
     
  2. Dobre placená procházka (2009)
    ... aka "A Walk Worthwhile" - International (English title)
  3. Goya's Ghosts (2006)
     
  4. Man on the Moon (1999)
  5. The People vs. Larry Flynt (1996)
     
  6. Valmont (1989)
  7. Amadeus (1984)
  8. Ragtime (1981)
    ... aka "Love and Glory" - Philippines (English title)
     
  9. Hair (1979)
  10. One Flew Over the Cuckoo's Nest (1975)
  11. Visions of Eight (1973) (segment "Decathlon, The")
    ... aka "Olympic Visions" - USA (TV title)
  12. Taking Off (1971)
  13. I Miss Sonia Henie (1971)
     
  14. Horí, má panenko (1967)
    ... aka "The Firemen's Ball" - USA
    ... aka "The Firemen's Ball and Lottery" - USA (DVD title)
  15. Dobre placená procházka (1966) (TV)
    ... aka "A Well-Paid Walk" - International (English title) (literal title)
    ... aka "Worth While" - USA
  16. Lásky jedné plavovlásky (1965)
    ... aka "Loves of a Blonde" - USA (DVD box title)
    ... aka "The Loves of a Blonde" - USA
  17. Cerný Petr (1964)
    ... aka "Black Peter" - USA
    ... aka "Black Sheep" - USA (DVD title)
    ... aka "Peter and Pavla" - International (English title)
  18. Kdyby ty muziky nebyly (1964)
    ... aka "If Only They Ain't Had Them Bands" - International (English title)
    ... aka "Why Do We Need All the Brass Bands?" - USA
  19. Konkurs (1964)
    ... aka "Audition" - USA
    ... aka "Competition" - USA
    ... aka "Talent Competition" - International (English title)
  20. Laterna magika II (1960)
    ... aka "Magic Lantern II" - International (English title)

 
Nomad (2005/II)
Directed by Sergey Bodrov, Ivan Passer.
With Kuno Becker, Jay Hernandez, Jason Scott Lee.
доволно?

се извинувам - моја грешка.

се извинувам - моја грешка. сега гледам за продукција дека станува збор :)

Milos Forman Nomad

Milos Forman

  1. Nomad (2005/II) (executive producer)
     

 

Слични содржини

Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова

ОкоБоли главаВицФото