Камо среќа да игравте ко пички!

11.04.2016 01:59
Камо среќа да игравте ко пички!

Разочарувачки е кога „машката“ државна репрезентација ќе изгуби клучен меч. Но, уште поразочарувачки се сензационалистичките вести со сексистичката изјава на поразениот репрезентативец. Уште поразочарувачки е кога изблиците на машки шовинизам се наградуваат со описи „најискрени и најправилни зборови“.

Многумина изреагираа дека не му доликува на репрезентативец да се изразува „вулгарно“. А зарем им доликува на новинарите да пренесуваат и шират сексистички ставови од кои можат да се навредат жените, особено ракометарките?

Но, кога веќе експлицитно се зборува за сексуални органи, тогаш мора да се земе предвид и оваа прониклива согледба која укажува на омаловажувањето и го возвраќа:

„Некаков Стоилов кажува за некаков спорт што изгубиле дека ‘играле ко пички‘. Да беше така добро ќе беше, оти пичките се јаки и цврсти. Крварат седум дена месечно и на крајот секогаш победуваат. Сигурно сте играле ко ‘курци’, тоа се сензитивни и слаби органи, по еден лесен удар се онесвестуваш.“

Но, има ли потреба да се омаловажуваат сексуалните органи кога се коментира ракомет – спорт кој се игра главно со раце, нозе, но и со памет во главата и јазикот?

За да ги стивнеме сексистичките страсти, доволно е да се потсетиме дека најголем успех на машката ракометна репрезентација е 11 место на светско првенство, а најголем успех на женската ракометна репрезентација е 7 место на светско првенство.

На ниту еден машки ракометен клуб од Македонија не му пошло од рака да стане европски шампион, како што успеаја ракометарките на „Кометал Ѓорче Петров“ во 2002, и тоа со цепелин во последните секунди од мечот.

Токму затоа, камо среќа да беше точна вулгарната изјава „игравме ко пички“! Ако игравте така, ќе имавте повеќе шанси да победите.

Ако не следува итно јавно извинување до сите жени и ракометарки, ќе доживеете уште еден пораз – не само од навивачките, туку и од јавноста.

 

Извор: Слободна Македонија