Фотографски ре-креациии на делата на Густав Климт

11.04.2016 14:44
 Фотографски ре-креациии на делата на Густав Климт

Најновата серија фотографии на фотографот Инге Прадер претставува ре-креација на најпознатите иконични дела на австрискиот уметник, во кои користи модели кои се специојално костимирани за овој уметнички перформанс. Раскошните фотографии се направени за овогодинешната виенска манифестација наречена Life Ball, годишен настан кој се организира со цел да се соберат средства за помош во борбата против ХИВ / СИДА.

„Вредностите на авангардното движење на на овој начин создаваат прекрасна метафора за Life Ball, организација која од своето основање се бори за преземање на активни чекори во однос на здравјето и за свесно соочување со и надминување на социјалните бариери, табуа и стигми“ - вели Гери Кеслер од Life Ball.

Фотографиите на Прадер се базираат на сликите на Климт од Златната фаза (1899-1910), во кои златната боја создава неверојатни ефекти. Најпознатото дело од овој период е „Бакнеж“ (1907-1908). 

Не е изненадувачки фактот дека делата на Климт совршено се вклопуваат во светот на високата мода и модната фотографија. И сликите навистина изгледаат неверојатно. Речиси 100 години по неговата смрт во 1918 година, блескавите слики на Климт продолжуваат да бидат симболи на плодната и бујна имагинација на сликарот, особено неговиот сјаен Портрет на Адел Блох Бауер (1907), кој е главна тема на овогодинешната летна изложба која треба да се одржи во Neue Galerie.

Извор: www.fubiz.net

Слични содржини

Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Уметност
Фотографија / Уметност
Фотографија / Уметност

ОкоБоли главаВицФото