Mладите дизајнери пред нов предизвик: 9. МСКП конкурс „Криза на идентитет“

12.04.2016 11:19
Mладите дизајнери пред нов предизвик: 9. МСКП конкурс „Криза на идентитет“

Плакарт – Здружението на графички дизајнери го објави новиот 9-ти Меѓународен студентски конкурс за плакат. Оваа година Советот на МСКП и Скопје постер фестивалот одлучи да стави акцент на темата на идентитетот како актуелно и горливо прашање со кое е засегнат светот.

Студентите на сите образовни нивоа (колеџи, високи школи, факултети, магистерски и докторски студии на уметност, дизајн, визуелни уметности) може да аплицираат на 9-от Меѓународен студентски конкурс за плакат до 30 октомври 2016 година.

Темата на годинешниот фестивал не случајно носи наслов „Криза на идентитетот“. Денес во глобални рамки се соочуваме со етничка, културна, верска, возрасна и полова идентификација и подвоеност. Врз идентитетските прашања е фрлено поинакво светло! - изјави организаторот Лазе Трипков.

Токму затоа младите дизајнери треба да се пронајдат себеси во оваа тема и да почувствуваат предизвик да го „кренат“ својот глас со цел културно влијаење на свеста на пошироката јавност и сите засегнати страни.

Двајца победници ќе бидат подеднакво наградени:

1. Учество во жири селекцијата на 10. Скопје постер фестивал (вклучително и покриени трошоци),

2. Организација на изложба на свои авторски плакати за време на 10. СПФ во 2017 година,

3. ICOGRADA Сертификати.

Деветтиот МСКП е поддржан од Министерството за култура и град Скопје, а фестивалски партнер ќе биде Музејот на град Скопје.

Автор на промотивниот плакат на 9. МСКП е маркантниот дизајнер од Русија – Петар Банков.

Членовите на жирито кои во текот на месец ноември ќе ги изберат победниците ќе бидат наскоро објавени.

За повеќе информации за конкурсот, начинот и условите за аплицирање на овој линк

ОкоБоли главаВицФото