Крах!

14.04.2016 02:50
Крах!

Крах!

Е, па, Македонче, и ти што си за вмро и ти што си за сдсм, демек и вие што сте за Големите уши и вие што сте за Малите уши, прочитајте го тоа што го пишува Кате Блажевска за трансформацијата на МВР во партиска полиција и тоа како страотија помножете го со сто за да сфатите во каква катастрофа сте се довеле. Оти освен МВР, разорени во својата уставна димензија се и Уставниот суд и Собранието и Основниот суд и Врховниот суд и Црквата и универзитетите! Сè! Македонија е претворена во камп. Малку поголем од оној во Идомени!

Животот на секој од нас и безбедноста на нашите семејства, судбината на нашите имоти, повеќе нема ниту една потпорна точки во правниот и во институционалниот ред, во државниот поредок. Тоа важи за сите, вклучувајќи ги тука и чипираните идиоти на вмро, заедно со највисоките ешалони на таа злосторничка организација. Нема кој да ја утврди вашата жртва, а има кој да ја интерпретира и забошоти. Вашиот живот не вреди пет пари. Вие ги потпишавте тие меници мислејќи дека се борите на страната на едната или другата партија, а вие, всушност, се боревте на страната на својата смрт!

Правна битка во бесправен амбиент!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред малку изјави дека министрите во оставка, кои доаѓаат од редовите на неговата партија, водат правна битка за укинатите решенија, при што се можни и кривични пријави против Владата.

Страхотно!

Може ли лидерот на опозицијата да ни го опише теренот на кој тие ја водат правната битка, ние мислиме дека таква работа не постои, не постои дури и во драматичното искривување на просторот и времето во Македонија, не постои право и не постои правен систем! Освен како илузија што ја шират оние кои против таа илузија треба да се борат!

Какви се тие кривични пријави против владата што ќе треба да ги поднесете до Владата!

Друга работа е ако сакаме, односно, ако тие сакаат да се правиме на будали, оти и тоа правење на будали може да произведе и, фактички, произведува, политички дејствија.

Сè е политика.

Можеби некој од опозицијата ќе сака да ни ја откриете тајната, па и ние малку да поуживаме во џакузито на блесавоста!

* * *

 

Американците и Британците чекале дополнителни информации во врска со решението на лудакот од Водно.

Па, господа, нема дополнителни информации, скитајте малку низ беспаќето на злосторот, сите знаеме колку е тешко да сте неинформирани дополнително, али јебитега, тоа е тоа, се слушаме!

Хахаха!

 

Затемнување на разумот

Ова ме потсетува на сликата на Томиќ во која низ зачадено стакло луѓето го посматраа затемнувањето на разумот!

И сега го кршат џамчето!

Не наспроти сè, туку со помош на сето срање што го произведуваат монструмите, тие незабележани чудовишта што живеат во власта, јас го градам својот оптимизам.

Решението на скотот е добра вест!

Апсурдно е, но така е: актот на аболцијата нè доближува до слободата сите, а тие што тој сакаше да ги ослободи ги доближи до местата в затвор!

* * *

 

Сакам да ги охрабрам сите што беа уапсени!
Во бруталната интервенција на платениците!
На полициските сили против слободата!
Особено ги охрабрувам повредените, сакам да им кажам дека нивните рани ќе ги залечиме со мелемот на слободата, браќа и сестри, тука сме сите!
Протестите против Злото беа фантастични!
Демолирањето на симболот на Злото беше фантастично!
Сите бевте супер!
Ве бакнувам!
Лесна ноќ!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографии: Фокус