1022 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 09:59
Дванаесет наши сограѓан(к)и кои излегоа на вчерашниот протест да се спротивстават на режимот и на одлуката за помилување на најкорумпираните во оваа држава, ја поминаа ноќта во притвор! Криминалците, пак, оние кои нè доведоа до ова дереџе, кои погазија сè правно и хумано во оваа држава, се на слобода, во „нивните“ удобните кревети, станови и палати. Само што тоа не се нивни станови и палати, тоа се наши, од нашите пари кои ги украдоа, од нашето достоинстово кое го продадоа се стекнати.
Од ден на ден лудилото само расте. Го уништија и го направија бесмислен целиот правен систем и сите институции. Ја допревме точката на топење и нема враќање. Она што започна на улиците овие денови е борба за слобода преземена и водена од граѓаните на оваа држава. Денес и следните денови, се од клучно значење. Ова е нашиот моментум. Ако сега останеме здружени и одлучни да истраеме, ќе успееме. Слободата ни е сега на дофат, а нашиот фронт е улицата.
Драги пријатели и пријатели на пријатели, ве повикувам сите денес на улица за да ја продолжиме борбата и ја вратиме слободата. Правдата е на наша страна. Нивното оружје се пендреците и солзавците, ама нашето се гневот, револтот и поривот за подобра иднина. Ќе победиме!! Ќе победиме!! #протестирам #protestoj
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Ванчо Џамбаски