Не толку одамна тука талкаа крави молзници

15.04.2016 12:38

Нови згради никнуваат насекаде низ градот, големи згради, а јас не знам што ќе биде ниедна од нив, и тоа ме плаши. А чудно е тоа што никој не ги спомнува, ни со збор. Како да не ги гледаат. И нема ништо за нив во весниците. Еден ден се возам по Патот 9 и се градат три згради. Неколку дена после ги има шест. Уште неколку дена после ги има девет. Се шират како спори, но големи се. На сите им недостасува карактер, им недостасува план. И како што се приближуваат до завршувањето, станува јасно дека тајновитоста, сигурноста и анонимноста се нивните главни намени. Нема табли со имиња на фирми. Не се огласуваат никакви дејности. Не се гледаат доаѓања или заминувања на автомобили. Претпоставувам дека е тоа Новиот свет, пристигнат без каква било најава, а некој мисли дека е најдобро за него ништо да не знаеме. Маскирани мажи со клешти од титаниум тивко се лизгаат низ затемнетите ходници.

Превод: П. В.

Поезија на Тејт е извртена, хиларична, понекогаш дури и инфицирана со работата на нонсенсот, речиси на начинот на Луис Керол, но секогаш со јасна наративна линија. Тонот е често конверзациски и наизглед „обичен“, но секоја претстава за конфекциската дикција Тејт упорно ја нарушува со апсурдистичкиот хумор, како и со посегнувањето кон надреалистичките фигури од својот непресушен арсенал на бизарни поетски слики. Она што Тејт го позајмил од надреалистите, кои дури кон крајот на педесеттите почнаа попресудно да влијаат на американската поезија, беше примената на логиката на сништата и на слободното асоцирање, но во неговиот случај често во рамките на специфичниот американски локален колорит. На свој начин радикално откачена, ако веќе не и „непресметлива“, поезијата на Тејт со својот имагинарен вишок како конститутивен елемент нуди всушност концепт за песната како дарежлива и отворена структура која секогаш може да биде окончана со соодветна и духовита поента, во што Тејт е вистински мајстор. (Дамир Шодан)

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото