Детство без електронски уреди

16.04.2016 05:18
Детство без електронски уреди

Серијата фотографии на Ники Бун насловена „Childhood in the Raw“ го прикажува животот на нејзините четири деца целосно ослободен од технологијата.

Ники Бун почнала да се занимава со фотографијата како хоби додека работела како физиотерапевт во Шкотска. Потоа, во родниот Нов Зеланд го открила нејзиниот интерес за создавање уметност додека патува, сè додека конечно не се се преселила во својот роден крај и не основала семејство, по што нејзината страст за фотографијата повторно се вратила.

Серијата фотографии насловена Childhood in the Raw која го прикажува животот на нејзините четири деца ослободен од технологијата, е непрекинат плод на таа страст. За роденденот на секое од нејзините деца Бун подготвува подарок од фотографиите.

„Има многу работа кога живеете во природа. Имаме и животни за кои треба да се грижиме. Но, работата е нешто во што најчесто уживаме, и добро е децата да сфатат дека треба да се работи за да се ужива во она што се има, да научат дека нашата храна ја овозможуваме со сопствените раце, да откријат еден нов, поинаков живот, но и да научат за смртта, кои се две многу интересни и не секогаш лесно совладливи животни лекции.“ - изјавила Бун.


„Моите деца се необразовани, и живеат без телевизор или модерни електронски уреди. Но, овде сум да го славам магичното место во кое одбрав да живеам со моето семејство. Ги документирам нивните заеднички денови во средина полна со природа, и неограничена игра. Создавам физички докази од нивното детство, од животот таков каков што е. Верувам дека моите деца се токму таму каде што припаѓаат, во природата, слободни и диви, покриени со кал. Таму каде што почнува пејзажот и таму каде што завршуваат нивните мал души“ - објаснува фотографката, 

Извор: ourshotblog.nationalgeographic.com

ОкоБоли главаВицФото