Одиме до крај

16.04.2016 22:28
Одиме до крај

Секој ден е совршен за протести.
Неправдата мора да се сотре.
И да врне и да вее,
на четириесет под сенка
и на минус десет на сонце...
Временските услови нека им ги пореметат
плановите на излетниците и на сите
кои отишле да се дружат со морето.
Секој ден е совршен за протести,
сите ние мораме гласно да му
кажеме НЕ на криминалот.
Протестите не смеат да запрат,
особено не во овие (речиси летни)
априлски вечери, што иднината
ќе ги запамети како
Скопска пролет.

16.04.2016.

Фотографија: Ванчо Џамбаски

Слични содржини

Активизам / Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото