Додека леете солзи за „Порта Македонија“, пропаѓа вистинското културно наследство!

16.04.2016 22:39
Додека леете солзи за „Порта Македонија“, пропаѓа вистинското културно наследство!

Додека солзи леете и коси корнете заради „вандализмот“ врз сосема неосновано прогласеното културно наследство „Порта Македонија“, вистинското културно наследство ни пука и ни се распаѓа.

Повеќе од 10 години црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново се распаѓа. Знаете што, гниди, фрескоживописите во таа црква потекнуваат од 12-ти век, повторувам, 12-ти век, а Министерството за култура сè уште не презело ништо за нивната заштита. Конзервација на фрескописот во Св. Богородица Перивлепта се врши со американски пари, да, американски, тие гадовите што сакаат да ви ја продадат или купат (не знам точно што, тоа вие знаете) државата, тие ни се грижат за културното наследство, додека вие воспевате скапи пластични играчки без никаква естетска амбиција и уметничка вредност...

Отидете слободно да посетите конзерватори и реставратори во нивната лабораторија, да видите со каква посветеност работат. Секојдневно во допир со штетни материи, во импровизирани услови, без соодветна здравствена заштита и мизерни плати. Единствениот порив што го имаат е љубов кон тоа културно наследство. Па тие луѓе кога чистат некоја икона од пред 500 години се однесуваат со неа како кон штотуку родено бебе.

Знаеме дека уште денеска вашата порта ќе биде исчистена. Но, нема да викнете стручни лица да ја санираат „штетата“ каков што третман заслужува едно „културно наследство“, туку ќе викнете средовечен чичко со канта бела боја и четка да ја префарба. Зошто? Затоа што тука завршува вашето поимање за култура и уметност.

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото