Да протестираме сè додека не падне овој криминален режим!

18.04.2016 18:25
Да протестираме сè додека не падне овој криминален режим!

Никаков херој јас не сум, другарки и другари. Јас сум само еден човек, кој сака да прави економски истражувања, сака да влијае на јавните политики, сака да предава. Човек кој сака да шета со син му во парк, сака да оди на театар со сопругата, сака да пие пиво со другарите, да игра фудбал, да чита книги. Човек кој сака да живее во општество во кое нема да те прислушуваат, во кое нема да се плашиш да го кажеш своето мислење, во кое нема да те бркаат од работа заради политичка неподобност. Општество во кое нема да има сиромаштија, здравството и образованието ќе бидат квалитетни и достапни за сите, а политичарите на власт нема да крадат, туку ќе работат во служба на народот.

И, затоа што сега не живееме во вакво општество, ‪#‎протестирам‬!

Ако сум јас херој, другарки и другари, тогаш се херои и сите оние десетици илјади граѓани кои излегоа на протести изминативе години!

И, не заборавајте, другарки и другари, дека тоа што мене ми се случи во средата, истата таа вечер им се случи и на 12 други лица, а на 5 mај лани - на 42. Тоа што ни се случи нам, можеше да му се случи на кој било друг. Тоа што ни се случи нам, може да му се случи на кој било друг во деновите кои следуваат.

Затоа, другарки и другари, да излеземе вечер масовно, најмасовно до сега! И да излегуваме секој нареден ден, сè додека не падне овој криминален режим!

Се гледаме, во 6, пред СЈО!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија:

ОкоБоли главаВицФото