1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
Не се сеќавам кој знае како на таа
вечер. Жаклин упорно сакаше да ми го покаже својот
папок. Тврдеше дека, ако го допрам, тоа
ќе ми донесе среќа. Поим немам дали
го допрев. Дабни се фалеше со своите успеси
на коњски трки. Рече дека минатата недела
победил во девет од десет трки. Му одговорив дека
не му верувам, па тој ме повика заедно да отидеме на
тркалиште. Му реков дека не сум коцкарски тип,
што беше лага. Пријде Беатрис и ми го покажа
папокот. Ми се причини дека во него е некое малецко лице,
што ме насмеа. Запрашав можам ли да го
допрам, а таа одговори: „Се разбира, мил.“
Не сакав да престанам да го допирам, но таа по
некое време мораше да отиде во тоалет. Адам
ми раскажа за својата неодамнешна операција. Ми ја покажа
лузната, а мене од раката ми испадна чашата. Изабел
се обидуваше да ми продаде малку стока. „Изабел“, реков, „јас
не сум тој тип.“ Ја задигна малку блузата и
со прстот покажа на папокот. Не се сеќавам
добро што беше после. Беше послужен некој
зеленчук. Се скрши некој керамички сад. Ото Гутчен
ми покажа фосил.
Превод: П. В.
Џемс Тејт (James Tate, 1943), американски поет, прозаист, уредник, професор по креативно пишување. За себе вели дека пишува во „традицијата на непуристите“ и ги спомнува Витмен, Вилијамс и Неруда. Вели: „Песната е човеков највозвишен напор зашто е бескорисна“. За него, поезијата истовремено е форма на протест и на прослава.