Гуската со трето дете од „Фино фрути“!

19.04.2016 14:06
Гуската со трето дете од „Фино фрути“!

Купував јаболка во „Фино фрути“ крај „Три бисери“ и гласно протестирав против тенките кеси во кои човек не може да донесе до дома ниту еден плод. Тогаш една жена што си ја плаќаше стоката на касата, почна да ми држи предавање дека не сум бил пристоен и културен!

Арно, ама, оп - ѝ се скина кесето и бананите што ги беше купила треснаа врз главата на детенцето што го возеше во количка.

Мислев дека ќе ми даде за право, но, не, таа се нафрли врз мене како јас да бев виновен што врз челото на нејзиното бебе се јави блага модринка!

Гуска во форма на мајка со трето дете!

Страшни се менталните и културните последици на груевизмот.

Да ги напаѓаш луѓето што те предупредуваат на опасноста за сопственото дете затоа што стоката на режимот ти го измила мозокот до нивото на детеубиство!

Немам други зборови!

Таа тишина, таа одглумена пристојност, таа смртоносна пристојност на која инсистираше гуската од „Фрути фино“ - мораме да ги разбиеме!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња