Мајка дизајнирала специјални помагала што им овозможуваат на децата со попреченост да одат

20.04.2016 09:11
Мајка дизајнирала специјални помагала што им овозможуваат на децата со попреченост да одат

Кога Ротем, синот на Деби Елантан имал две години, лекарите ѝ кажале дека тој нема свесност за сопствените нозе. Ротем е роден со церебрална парализа, трајно нарушување кое влијае на моториката, мускулниот тонус, како и држењето на телото. Поголемиот дел од денот тој го поминува во седење, па Елантан сакала да направи нешто повеќе за нејзиниот син, конкретно, таа сакала тој да може да се движи. За да му го олесни тоа, постојано се движела и стоела со него, управувајќи ги неговите рацете и нозе со своите. Постојаното наведнување и клекнување со нејзиниот син се покажало како физички напорно и непотребно стресно за Елнатан, па токму тоа ја инспирирало да размислува надвор од границите.


Потребата навистина е мајка на сите пронајдоци. Елнатан знаела дека сака да му помогне на Ротем да научи да оди, но морала да измисли поефикасен начин. Тогаш била измислена направата Upsee. Тоа е генијален мобилен уред кој навистина помага во движењето. Возрасниот го носи уредот врзан околу половината, кој пак е врзан за горниот дел од телото на детето, и двете личности делат сандали кои му овозможуваат на возрасниот да ги води нозете на детето.

Специјалното помагало Upsee е откровение за деца кои страдаат од невромускулни нарушувања, бидејќи им дава можност да прават едноставни нешта кои ги носи секојдневието. Некои од овие деца првпат добиле можност да ги прегрнат своите брат или сестра, додека други конечно можеле да уживаат во едноставние прошетки низ нивната улица. „Тоа се мали чекори, но некому тие значат цел еден свет“, пишува на интернет страницата на Upsee.


Извор: www.notimpossiblenow.com

ОкоБоли главаВицФото