Синдром на немирна нога

20.04.2016 11:27

По погребот
се вративме во своите секции
и ги заземавме позите.
Нашето држење беше ново,
поинакво од она староно и болното.
Ги напуштивме своите станици
колку да докажеме дека е тоа можно,
така што немаше абер за сериозно
заминување или желба за нов почеток.
Сето тоа беше зад нас.
Бевме загрижени, што би се рекло,
иако можеби беше и обратно.
Но каква приказна!
По погребот се вративме значи
во своите секции за сега да се искуси
тој синдром на немирна нога.
Мојата нога, имено, со ништо предизвикана,
само лета наоколу шутирајќи ги работите,
што и да ѝ се најде на пат,
заштитна мрежа или прскалка...
Тоа се само два примера,
иако би можел да наведам многу повеќе.
Би можел да составам каталог
од размавани работи.
Можеби тоа накнадно и ќе го направам.
Но да видиме дали е стварно потребно.
Можеби, заправо, би можел барем да започнам
па да довршам после.
Но таа нога ми ја растури збирката од украсни школки, стварно!
Го удри и оцелотот, што беше крајно дрско,
непотребно и ‒ аха ‒ болно. Го истури и гвакамолето
од тегла, што ми го извалка работното место
правејќи го потенцијално опасно.
Бев надвор и го тестирав новиот лежечки полицаец
кога ја шутна и виконтесата
која тоа веројатно го беше заслужила, но сепак ми беше мило,
разбирливо, што не бев сведок на настанот.
Ударите потоа едно време стивнаа.
Никој не знае за колку,
оти не гледавме на сат,
така што беше неможно образецот правилно да се пополни.
Доволно е да се напомене дека останавме
во своите секции во состојба на трајна претпазливост.
А тогаш ја преврте и макетата на паланката
која и ја бевме наместиле таму за шутирање и сл.,
плус колата со церада полна со кукли од насловни страници.
И сега по целиот тој џумбус
одржавме сепак минута молчење,
но ми беше јасно
дека многу од нашите галеничиња
веќе станале раздразливи,
некои помалку некои повеќе.
За потоа да ја шутне и посебно ценетата кутија за тутун
која наводно некогаш му припаѓала на некојси
по име Боб Маки, што, јасно,
нè растажи, па се вративме во секциите
баеги покиснати.
Но изгледа дека никој лично
не ме смета за ни најмалку виновен.
Мојата нога ги исшутирала сите тие работи, не јас,
и во тоа сум речиси сигурен.
Било како било, одлучивме да ја погребаме.
По погребот се вративме во своите секции
и ги заземавме позите.
Брзо потоа, релативно брзо,
И ногата на Џон почна да се однесува чудно.
Се чинеше како да има намера да ја шутне макетата
на Белата куќа што ја држевме при нога
баш за ситуации налик на оваа.
И, јасно, ја ѕвекна.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото