Секој општествен субјект треба да го поддржи #Протестирам

20.04.2016 11:43
Секој општествен субјект треба да го поддржи #Протестирам

Центарот за современи уметности – Скопје и Факултет за работи штo не се учат/АКТО- Битола/Скопје, како организации кои активно учествуваат во процесите на креирање на критичка и општествено ангажирана култура и уметност, сметаат дека во овој момент е приоритет на кој било општествен субјект да даде поддршка на граѓанското движење # ПРОТЕСТИРАМ.

Сметаме дека местото на уметниците, на современата уметност и култура во моментот треба да биде со граѓаните во борбата за човекови права и слободи.

Исто така сметаме дека современата уметност не може да биде надвор од општествените процеси, изолирана и незаинтересирана за она што се случува на улиците.

Земајќи ги предвид сите овие причини, во екот на активностите на движењето ПРОТЕСТИРАМ и борбата на граѓаните за слободно и праведно општество, оваа награда за млад визуелен уметник ДЕНЕС 2016, која се организира по 13-ти пат во земјава, и со која се овозможува на најдобриот автор да престојува на резиденцијален престој во ЊуЈорк, САД, сакаме да потенцираме дека е исто така дел од борбата за поставување на уметноста и културата како активен чинител во борбата за праведно и слободно општество.

Оваа награда треба да стане еден од реперите и водилките за младите уметници кои треба во слободно општество да ги развиваат своите творечки способности како дел од еден поширок општествен ангажман, и со тоа да ја позиционираат културата да биде на значајно и активно место во општеството.

Тим на наградата ДЕНЕС

Анита Ивковиќ
Никола Писарев
Филип Јовановски
Ивана Васева

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото