ПРОТЕСТИРАМ: Поддршка на протестите на граѓаните низ цела Македонија

20.04.2016 15:49
ПРОТЕСТИРАМ: Поддршка на протестите на граѓаните низ цела Македонија

Изразуваме сесрдна поддршка на протестите на граѓанските здруженија низ Македонија и ги повикуваме сите граѓани, без разлика на политичка, верска, и национална припадност, мирно, ненасилно но во исто време одлучно и истрајно, да делуваат во правец на морално, културно, и уметничко „ресетирање“ на инфицираното општество. Македонија има потенцијал да ја надмине кризата, но потребна е взаемна поддршка и поврзување помеѓу сите „ресетирани“ индивидуи за да се „ресетираат“ сите инфицирани здруженија, политички партии, образовниот систем, здравството и судството.

ПРОТЕСТИРАМ за правда и слободно изразување! Доста „барокни“ шампити и криминал, да создаваме креативни градби и хумано општество!

 

Михаило Трандафиловски, композитор (Македонија и Велика Британија)

Панде Шахов, композитор (Македонија и Велика Британија)

Никола Коџабашија, композитор (Македонија и Велика Британија)

Мирослав Спасов, композитор (Македонија и Велика Британија)