Тишина

21.04.2016 11:26
Тишина

Тишина

Дури и во големиот град понекогаш настанува тишина
и се слуша како по тротоарот, носени од ветерот,
се движат минатогодишните лисја во својот
непрекинат пат кон уништувањето.

 

На скалите од катедралата

Ран самрак; на скалите на катедралата
се појавуваат мажи кои излегле од канцелариите
и не се ангели. Можеби ќе бидат спасени.
Во витражот се пали последната искра на денот.
Низ сувите усни плови реката на жедта.

 

Ограда

За жал - вели Р. - помеѓу постоењето
и непостоењето нема ништо посредно,
ништо, дури ни ходник, дури ни ограда
на која би можеле да седнат уморните орли.

 

Превод: Иван Шопов
Слики: Mouni Feddag

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото