Божиновски во Македонија го чекаат џелатите на Груевски

21.04.2016 17:37
Божиновски во Македонија го чекаат џелатите на Груевски

Доколку официјално се потврди веста дека македонскиот новинар Зоран Божиновски е уапсен во Нови Сад, по налог на тамошното Министерство за правда, апелирам Здружението на новинарите на Македонија да побара негово итно ослободување и да апелира до новинарските здруженија во Србија да го сторат истото.

Божиновски се бара по потерница од македонските власти, како осомничен во случајот „Шпион“. Тој помина речиси една година во екстрадициски притвор во Србија, но под притисок на неговите колеги, беше пуштен да се брани од слобода.

И на врапците им е јасно дека џелатите на Никола Груевски бараат Божиновски да биде екстрадиран во Македонија за да биде подложен на тортура и за да престане да објавува написи и постови против режимот. Неодамна, јавно, на телевизија, Драган Павловиќ - Латас рече дека посакува Божиновски да биде доведен во земјава.

Со еден збор, има основани сомневања дека режимот го бара Божиновски за да му се одмазди и дека постои сериозна опасност тој никогаш да не дочека да се соочи со правдата. Тоа е причина ние, неговите колеги, без оглед кој и што мисли за неговата работа, да бидеме солидарни и да истапиме во негова заштита.

Извор: Плусинфо