Рачно изработен ботанички накит

23.04.2016 00:33
Рачно изработен ботанички накит

Дизајнерката Сара Смит (Modern Flower Child) која живее и работи во Орегон изработува прекрасни ботанички парчиња накит. Таа произведува колекции со фрагменти од природата вметнати во накитот со транспарентна смола, овозможувајќи им на љубителите на накит со себе секаде и во секое време да носат парче природна убавина. Секое парче е оригинално и уметницата има разновидни колекции обетки, приврзоци, ланчиња и нараквици.

Обликувањето на накитот бара време и рачната изработка на секое парче може да потрае и до три недели, но резултатот е бесценет и задоволството е големо кога конечно ќе бидат завршени овие симпатични, шармантни етерични модни додатоци.

Од зелени билки до колоритни цвеќиња, секое од нив вклучува елемент од природата.Тоа можат да бидат лисја, кора од дрвја, цвеќиња и сегменти од школки. Изработувајќи ги ботаничките парчиња накит со фрагменти од природата уметницата Сара Смит наоѓа посебен начин да направи врска со надворешниот природен свет.

 

Извор: culturenlifestyle.com