Екстрадиција: Протуѓер доби шанса да се изживува врз Божиновски?!

23.04.2016 01:38
Екстрадиција: Протуѓер доби шанса да се изживува врз Божиновски?!

Откако македонскиот новинар Зоран Божиновски беше уапсен во Србија и екстрадиран во Македонија, потсетуваме на еден од транскриптите од „бомбите“ на Заев, од разговор помеѓу екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на премиерскиот кабинет, Мартин Протуѓер:

ГЈ: Да.
МП: Горде?
ГЈ: Кажи.
МП: А бе види, сега го читам оној Зоран Божиновски. Може ли кога ќе дојде вака, иако не го познавам, треба ли негова согласност за посета?
ГЈ: За ако не си му роднина. Ха, ха.
МП: Не сум роднина.
ГЈ: Што се надевам дека не си му.
МП: Не сум му роднина, ама сакам да го посетам таму. И во тој период малку да е исклучена камерата.
ГЈ: Што ти направил сега?
МП: Не, мене ништо. Ама еве, нервоза ме фаќа какви глупости пишува, лелеее.
ГЈ: А бе тој која будала е, ненормален е. Јас…
МП: Глупости, измишљотини, ја не знам вака…
ГЈ: А бе ја мислам дека е болен човекот.
МП: Е па баш дека е болен треба да…
ГЈ: Мислам, знаеш, умоболен, онака, сериозно.
МП: Не, и обавезно, обавезно да е у келија со некое циганче што има хомосексуални склоности. Обавезно, мислам, тоа да не збориме.
ГЈ: А бе тешко говедо е тој.
МП: Да, да, да.
ГЈ: И уште се сили. Мисли ова заебанција е ние што збориме.
МП: Кажи ми до кај е постапката?
ГЈ: А бе има распишано меѓународна потерница, и треба да го уапсат Србиве. Сакав утре и на Дачиќ да му се јавам, знаеш, малку да го…
МП: А он се фали со Дачиќ, пријатели…
ГЈ: Он се фали, и знам дека се знаат, ама нема врска, знаеш, институционално мое е да барам, така?

Извор: Либертас
Слика: Свирачиња