400 години од смртта на Вилијам Шекспир

23.04.2016 02:27
400 години од смртта на Вилијам Шекспир

Во Велика Британија, особено во Стратфорд на Авон, голема толпа луѓе ќе ја одбележи 400 годишнината од смртта на великанот на англиската и светската книжевност, Вилијам Шекспир, кој почина на 23 април 1616 година. Во Велика Британија и родниот град на Шекспир во централна Англија се очекуваат повеќе од пет милиони посетители. Актерите Џуди Денч, Хелен Мирен, Иан Макелен, Бенедикт Камбербач и Џозеф Фајнс ќе одиграат драми од англискиот писател во Шекспировиот Кралски театар кој ќе го посети и бритаскиот принц Чарлс. Спектаклот „Шекспир во живо“ ќе се емитува во живо на телевизија и во кино салите низ цела Европа.

Тој ден, кога се одбележува и англискиот национален празник Сeнт Џорџ, ќе биде организирана танцувачка парада и огномет. Шекспир (1564-1616) се смета за најголемиот писател на англиски јазик и драматург со светско реноме. Опусот на делата на Шекспир кои се сочувани до денес се состои од 38 театарски драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Театарските дела се преведени на многу јазици и се прикажуваат насекаде во светот. Писателот најголемиот дел од својот опус го напишал помеѓу 1590 и 1613 година. Неговите дела биле главно комедии и историски драми, книжевни родови кои ги издигнувал до совршенство до крајот на шеснаесетиот век.

Потоа пишувал трагедии се до 1608. Во тој период настанале „Хамлет“, „Кралот Лир“ и „Магбет“, театарски претстави кои се вбројуваат во најдобрите претстави на англиски јазик. Шекспир бил почитуван поет и драмски писател уште додека бил жив, но неговата репутација не ги достигнала денешните размери пред 19-ти век. Романтичарите посебно ја истакнувале неговата генијалност, а Викторијанците го славеле речиси како идол. Од 20 век, Шекспировите дела постојано се прикажувани во различни културни и политички контексти во целиот свет. Ден пред смртта на Вилијам Шекспир, почина уште еден гигант на светската литература, Мигел де Сервантес, во чија родна Шпанија оваа година исто така се одбележуваат 400 години од неговата смрт.
Извор: www.nezavisne.com

 

Слични содржини

Книжевност / Култура / Историја
Фотографија / Книжевност / Култура
Книжевност / Култура
Општество / Европа / Култура
Книжевност / Стрип / Култура

ОкоБоли главаВицФото