1021 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 02:59
Скопје, 23 април 2016
Министерката за култура, госпоѓа Елизабета Канческа-Милевска, ги повика демонстрантите да не фрлаат боја врз барокните згради, а особено беше иритирана од боењето на зградата на Министерството за култура.
„Зградите од проектот Скопје 2014 се наше културно и историско наследство. А зградата на Министерството за култура е заштитен објект. Не е во ред да се фрла боја врз заштитените згради. Со нив, единствено ние треба си правиме што сакаме“, вели Канческа-Милевска за Пара вести.
Таа ги повика граѓаните да не фрлаат боја врз зградата на македонската влада, бидејќи нејзиниот денешен изглед е плод на макотрпна работа.
„Со години работевме напорно додека да ја преоблечеме некогаш заштитената зграда на Петар Муличковски. Вандализам е таа да се гаѓа со боја“, луто порача Канческа-Милевска.
Слика: Свирачиња