Левица: Отворен политички прогон против неистомислениците

25.04.2016 17:17
Левица: Отворен политички прогон против неистомислениците

На прес конференција пред Кривичниот суд, Левица им порача на сите кои полицијата ги бара за информативен разговор, да не се пријавуваат во станиците и да не одат. Според нив, нема да се дозволи криминалците кои се аболицирани да седат на власт и да апсат граѓани. Од Левица потврдија дека професорот Здравко Савески е повикан и задржан во полициска станица, и претпоставуваат дека намерата е да му се одреди притвор.

-Еден од најактивните, Здравко Савевски, е повикан на информативен разговор, по што е задржан, ќе биде изведен пред судија во претходна постапка, шпекулациите се дека ќе му биде одреден притвор. За уште четворица наши членови има покани за информативен разговор. Нашиот совет е да не се појавуваат на овие разговори, рекоа од Левица.

Тие упатија три пораки од прес-конференцијата, од кои до министерот и заменик министерот за внатрешни работи, да ги евидентираат, но да не ги просцесуираат овие пријави до завршување на кризата, до обвинителството да не бара притвори, а до судиите по ниеден основ да не определуваат прритвори, туку да остават правдата да тече низ вообичаената постапка.

Според Левица, се остварува планот на власта кој се форсира во последно време, за наводната непријателска дејност на граѓанските здруженија и партии, што би требало да биде алиби за нивно забранување. Сето тоа, велат од Левица, нема да ги спречи и повикаа на сплотеност и помасовни протести.

-За вечер најмасовен протест, и сите да истраат. Сите кои се против овој режим да се здружиме заедно и да ставиме крај на овој режим. Единствено криминалците се аболицирани во оваа држава и тие сакаат да владеат вечно, рекоа од Левица.

Извор: А1он

Фотографија: Ванчо Џамбаски