1010 hPa
94 %
12 °C
Скопје - Вто, 23.04.2024 12:59
Скопје, 26 април 2016
Во најновата маестрална колумна новинарката Мирка Велиновска во целост ги разобличи обидите на мрачните сили кој катадневно работат на уривање на државноста на Македонија.
„Станува збор за операција наречена 'Скеле во земјата на чудата' која преку надворешни елементи и домашни инсталации сака да направи дестабилизација на државата и нејзино враќање во Отоманската империја. Не случајно ЦИА, МИ6, СОРОС и СДСМ решија да удрат прво по скелето сместено пред Владата. Скелето значи стабилност и со неговото уривање, се испраќа знак дека исто како скелето ќе заврши и Владата доколку успее операцијата 'Волшебникот од Оз'. Дополнително скеле се става кога нешто се гради или реновира, а неговото уривање значи и директна закана за градењето и реновирањето (популарната преродба) кои ќе завршат во руини, доколку Заев не дојде на власт.
На крајот, Мирка уверува дека секојдневно ќе ги разобличува структурите кои ѝ мислат лошо на земјава и дека во таа борба никој нема да биде поштеден.
Извор: kozanostra.net