Промоција на книгата „Морето ми е до колена“ од Јовица Ивановски

27.04.2016 02:02
Промоција на книгата „Морето ми е до колена“ од Јовица Ивановски

На 27 април (среда), во клуб-ресторанот МКЦ со почеток во 21 часот ќе се одржи промоција на единаесеттата збирка поезија на Јовица Ивановски, „Морето ми е до колена“.

За книгата ќе зборува Душко Крстевски, а стихови ќе читаат Илина Јакимовска, Владимир Јанковски, Николина Андова Шопова и Петар Андоновски.

Во продолжение, пренесуваме една песна од збирката.

 

ДЕТЕ СИ Е ДЕТЕ

Се радувам како мало дете -
или не, споредбата е одвишна,
зашто и покрај сите напори
(нечии), јас не пораснав.
С
è уште сум дете кое се
враќа дома со рани од игри.
Паѓа од предмалку исечени дрвја,
возам велосипед без раце (и нозе),

      играм баскет без баскет.
Постојано завршувам повреден
од ова време, од кое најмногу

      страдаат вечните деца.
Никогаш нема да пораснам,
а таков и ќе отидам на починка.
Од мојата пепел одвај ќе може
да се пополни шлајка за џамлии.
А со оглед на тоа што веќе го нема,
      ќе мора некој да издлаби.
Се сеќавате како се прави?
Со петицата од едниот чевел
се вртите повеќепати околу себе,
      а со врвот од другиот
држите рамнотежа.

16.12.2015