Во Јута порнографијата прогласена за опасна по јавното здравје

27.04.2016 09:13
Во Јута порнографијата прогласена за опасна по јавното здравје

Овој потег на републиканците во Јута го поддржала мормонската црква, а донесена е и резолуција која ја прогласува порнографијата за „епидемија која насилството врз жените и децата го претставува како нормално, а на мажите им создава одбивност од бракот.“
Резолуцијата ја потпишал гувернерот Гари Херберт.

 „Количината на порнографија во нашето општество е неверојатно голема“ - вели Херберт на церемонијата на потпишување на резолуцијата во Солт Лејк Сити. „Сакам да ги заштитиме нашите семејства и младите луѓе.“
Резолуцијата ги повикува државните законодавци да го истражат влијанието на порнографијата и да инвестираат во едукација и превенција.

Анти-порнографската активистка Џенифер Браун изјавила дека порнографијата го поткопува здравиот емоционален и физички развој на децата и адолесцентите и предизвикува зависност. Порнографската индустрија таа ја нарекува „империја на деструкцијата“ која потекнува од алчноста за пари.

Меѓутоа, Коалицијата за слобода на говорот и асоцијацијата на продуценти на филмови за возрасни, го нарекуваат овој чекор „старомодно морализирање“, кое не е вкоренето во науката.
„Треба да живееме во општество во кое отворено се зборува за сексуалноста, а не таа да се стигматизира“ – изјавил Мајк Стејби, претставник на Коалицијата.

Извор: www.b92.net