Жени-уметници кои одбиле да бидат само музи

28.04.2016 10:12
Жени уметници кои одбиле да бидат само музи

Двоен портрет, Дора Мар, 1930

Историјата има тенденција жените да ги нарекува музи на нивните партнери, а на тој начин често ги заборава жените кои стојат зад овие етикети. Овие жени биле инспирација за безброј уметнички дела, но и самите ги помесувале границите кои ги поставиле нивните современици, и така создале свој креативен израз, заслужиле почит и стекнале бројна публика.

Да се потсетиме на Дора Мар, една од најпознатите музи во историјата на уметноста, која била многу повеќе од Пикасовите жени кои плачат. Дора Мар била позната фотографка, чие дело „Pere Ubu“ е икона на надреализмот, и имало почесно место на Интернационалната надреалистичка изложба во 1936 година.

Најважно е да се спомене дека овие жени веќе биле утврдени уметници пред да ги запознаат своите партнери, така што, сведувајќи ги исклучиво на статусот на ексклузивни музи, ја поткопува нивната работа како пионерки во своите области на делување со кои се спротивставувале на патријархалната идеологија. Ви претставуваме неколку неверојатни жени-уметници кои одбивале да живеат во сенката на мажите.

Автопортрет „The Inn of the Dawn Horse“, Леонора Карингтон, 1936

Леонора Карингтон

Сликарката и поетеса Карингтон била партнерка и муза на германскиот уметник Макс Ернст, но освен тоа, имала и самостојна кариера. Кога ја прашале за категоризацијата на жените музи на уметниците меѓу надреалистите, таа одговорила: „Тоа е срање!“.

Во текот на нејзината врска со Ернст, го сметaла за нејзина муза исто како што тој неа ја сметал за своја. Со делото „Портрет на Макс Ернст“ го вратила својот идентитет и ја променила конвенционалната перцепција на музите во своја корист.

Балада за Фрида Кало, Алис Рахон. 1956-66

Алис Рахон

Можат да се најдат голем број сличности меѓу француско-мексиканската уметнца Фрида Кало и поетесата и сликарка Алис Рахон. Како и Кало, Рахон била во брак со познатиот уметник Волфганг Пален, а и двете имале истополови врски. Поради сексуалните врски со жени (отпатувала во Мексико со Валентина Пенрос, првично сопруга на британскиот надреалист Роланд Пенрос, која подоцна се омажила со Ли Милер), нејзината уметност се нарекува квир, но можеме да ја сметаме за слободен и свеж женски лик, полна со интензивни емоции, генерирани од љубов неврзана со одреден пол.

Рахон нагласувала дека жените можат да најдат инспирација во личност од ист пол без потчинување на таа личност. Нејзината најпозната песна Sabler couché е совршен пример за рефлексиите и желбите, автобиографска белешка за заробеноста во бракот. Таа им дала глас на музите и нам ни овозможила да допреме до слободата на нејзините зборови.

„Le sueño de los pobres“ (Сонот на сиромашните), Лола Алварес Браво, 1949

Лола Алварес Браво

Алварез Браво бил учителка и фотографка кој одбивала да се помири со тоа да биде во сенката на нејзиниот сопруг Мануел Алварес Браво кој ја научил како да му помага во студиото, но покажал големо незадоволство кога покажала интерес за самостојно занимавање со фотографија. Нејзината упорност резултирала со статусот на една од најславните мексикански фотографки и многу важна уметница на мексиканската постреволуционерна обнова.

Браво била заинтересирана за луѓето и нивните животи. Лутала низ мексиканските улиците во потрага по инспирација, во време кога тие се сметале за небезбедни за жените. Вешто го криела тој дел од својот живот од нејзиниот сопруг и создала свој круг на писатели, уметници и интелектуалци со кои се дружела, а по разводот, фотографијата станала нејзин главен извор на заработка. Алварес Браво била директорка на Националниот музеј за ликовни уметности во Мексико, а во 1951 ја отворила галеријата која била прва во Мексико Сити во која биле изложени делата на Фрида Кало.

Беатрис Вуд

Иако била најпозната по тоа што се занимавала со керамика, животот на Беатрис Вуд е опишан во нејзината автобиографија од 1985 година насловена „I Shock Myself“. Во таа книга е опиша талентирана, храбра жена која со причина го добила прекарот мајка на дадаизмот.

Како родена Њујоркчанка се побунила против строгите плановите на нејзината мајка и се преселиа во Париз, каде што влегла во театарските води, одела на предавања на Comédie-Française и ја делела сцената со Сара Бернард. Неволно се враќа во Њујорк по војната, станува дел од француската компанија French Repertory Company, и се среќава со Марсел Дишан. Дишан ја запознава со групата на дадаистите, вклучувајќи ги Валтер Аренсберг и Лус Аренсберг, Ман Реј и Пјер Рош. Со Рош и Дишан го основале The Blind Man (1917), еден од првите дадаистички списанија во САД, и во тој период настанал љубовниот триаголник, кој подоцна го нарекувала аmour à trois.


Тhe Blind Man (1917), едно од првите дадаистички списанија во САД

Доротеа Танинг

Пола Лумбард која го напиша делото Dorothea Tanning: On the Threshold to a Darker Place, објавено во 1981 година во Woman's Art Journal, вели: „Доротеа бесрамно ја покажува другата страна на мајчинството, сексуалната зрелост, злоупотребата на деца..., внимателно ги открива остатоците во внатрешноста на несвесното, опишува фрагменти од сеќавања, фантазии и пророштва, а потоа ги прикажува на сликите кои се исклучително убави.“

Нејзината прва средба со надреализмот била во 1937 година на изложбата Фантастична уметност, Дада, Надреализам, одржана во МоМа во Њујорк, и следните две години ги поминува во преписки со уметниците кои работат во областа на Париз. Кратко време по својата прва изложба во галеријата Julien Levy во Њујорк, во 1941 година, таа се среќава со Макс Ернст, на еден од состаноците на пионерите на надреализмот. Иако не говорела течно француски, создала свое видување на надреалистичкото движење.

Се вели дека: „Шокантните и смели претстави на Танинг, на сексуално агресивни жени во врвот на сексуална зрелост неизбежно повикуваат на споредба со уметноста на Балтхус и Ханс Белмер, иако нивната работа ја прикажува сексуалноста од машка перспектива. Единствената разлика е во тоа што девојките кои ги прикажува Танинг сакаат да ги задоволат своите специфични еротски потреби. Нејзините дела инспирирани од сопствената сексуалност, искрено и без колебање, гордо и брутално ја изложуваат непријатноста и/или фасцинацијата на оној што набљудува. Да, делата на Танинг се прилично сликовити, повремено шокантни, но убавината на нејзината работа е неспорна.

Hôtel du Pavot, Chambre 202 (Хотел Павот, соба 202), Доротеа Танинг, 1970-73

Извор: www.dazeddigital.com

 

 

ОкоБоли главаВицФото