1029 hPa
80 %

-3 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 22:59
Дизајнерката на накит Станислава Коробкова деликатната убавина на природата ја претвора во приврзоци во винтиџ стил. За да го направи тоа, оваа дизајнерка која живее и работи во Даблин, прави креативни потфати во природа и собира мали листови и цветови. Внимателно одбраните растенија ги пресира, со цел да се зачуваат нивните фини детали. Потоа сувите материјали ги сместува меѓу стакло и ги затвора со метални рамки. Нејзините ланчиња се еден деликатен и модерен начин природата да се инкорпорира во секојдневна облека.
Природата е постојана инспирирација за уметничкиот процес на Коробкова. „Неверојатно е да се зачуваат сите тие мали природни богатства кои ќе се соберат во текот на пролетта и летото и на истите да им се даде нов живот“ – пишува таа. „Мислам дека природата веќе создала неверојатни и прекрасни работи, и сè што треба да се направи е да се најде соодветна рамка за нив и да се сочува нивната убавина за да може да трае со години.“
Извор: www.etsy.com