1025 hPa
87 %
10 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 07:59
Еднаш Груевски, Нерон на нашата земја (што значи неталентиран, фрустриран, нереализиран идентитет) се пожали дека никој не му рекол фала за сѐ што направил за нас. во тој миг тоа беше една од најпарадоксалните и најапсурдните жалопојки што сум ги слушнала, прикладна за некој кој страда од делузија и патолошки идентитет на симулакруми.
Но, еве денес, имам потреба конечно да му се заблагодарам на мафијашко-политичкиот вожд, и со тоа да го задоволам неговиот нарцистички нагон.
Значи: фала ти, Груевски, за тоа што ни покажа дека умееме и знаеме да бидеме рамо до рамо, заедно, солидарно во единство на различностите кога е најпотребно, не заради нас самите, туку заради заедницата, заради, другиот, заради повисоката цел, заради слободата, заради деградацијата, заради одземањето на правото да се биде интегрален дел од градењето на општеството во кое сме одлучиле да живееме. фала ти, Груевски, што ја разбуди нашата политичност, нашата одговорност, нашата борбеност и нашето онтолошко правдољубие. Фала ти, Груевски, што заради тебе нема никогаш повеќе да дозволиме да хараат вазали и багабонти низ нашата земја. Фала ти, Груевски, што нѐ натера да ги осознаеме и жестоко да се бориме за нашите граѓански одговорности и права. Фала ти, Груевски, што нѐ натера засекогаш да останеме будни за некои идни политички мафијаши кои ќе се обидат да ни го украдат правото да ја обликуваме, ние граѓаните, нашата социо-културна нарација. Фала ти, Груевски, што ја разбуди нашата политичка креативност. Фала ти, Груевски, што нѐ мобилизираше во граѓанска непослушност. Сега веќе враќање нема! Ова е лицето на нашето ново, граѓанско, отворено и слободно општество. Фала ти, Груевски! и кога ќе заминеш конечно на буништетот на историјата, олицетворено во лицето на некоја зандана, и тогаш особено ќе ти се заблагодарам!
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Јосифовски