Поздрав

29.04.2016 10:45

Обично е тешко да се слушаат разговори, а и да се учествува во нив. Но повремено да се слушне некоја патемна реченица на која ѝ недостасуваат пред и после вистинска е радост. Над телата, движењата, од мноштвото зборови полетуваат некои, не барајќи од нас ништо, ни реагирање, ни разбирање. Најчесто имаат значење на интерпункции. Точки, прашалници, извичници, дветочки или цртичка.

Еден таков интерпункциски момент се случи во Дежмановиот премин, во таканаречената „Тринаесетка“. Помлада жена кон постара: Но, госпоѓо, кога ве поздравувам, никогаш не отпоздравувате. Постарата: А дали поради тоа нешто ви се случило? Не. Ете гледате.

Со оглед на тоа дека ми се познати задоволството на непоздравувањето, неразговарањето, чистотата и благодетта од таквата мутавост, беше убаво да се слушне постарата жена. Ја враќаше младата напасница во тишина, на другата страна на улицата, во некоја далечна земја, смирено ја вртеше главата од нејзе. Бидејќи ми беше страв од какво било продолжение, брзо си ја собрав радоста и излегов.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото