1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 21:59
Пријателите на Борјан по протестот го посетија неговиот дом, носејќи маици со натпис „Сите сме Борјан“. Фото: Фејсбук профилот на авторот.
Борјан Ефтимов, еден од приведените од протестите по 8 дневниот притвор, сега доби и плус 30 дена домашен притвор.
Се огласи неговата мајка, која напиша:
Почитувани пријатели, Можете „мирно“ да ги прославите празниците што претстојат бидејќи еден од „најголемите“ криминалци во нашата кутра земја денеска (после изречениот 8-дневен) доби уште 30 дена домашен притвор, односно забрана да се оддалечува и да го напушта домот каде што живее.
За оние кои не знаат, се работи за мојот првороден син, Борјан Ефтимов (не Бориан, и не Афтимов, како што го пишуваат куририте).
Оваа мерка му е изречена заради учество во толпа во одбрана на демократијата и слободата, дело кое тој во целост го признава и за кое по добиената покана за разговор во полициска станица самиот се јави. Уште лани додека се бореше за правата на средношколците беше етикетиран и уценуван. Сега, како студент на Правниот факултет Јустинан први во Скопје, кога се залага за еднаквост и правичност на сите граѓани во татковината, на диктаторскиот режим многу му пречи.
Мојата гордост, мојот син, е воспитан во духот на слободната мисла и демократијата. Му ја ограничуваат слободата на движење, но не можат да му ја ограничат иднината и младоста, не можат да му ги скршат крилјата и не можат да му го исперат мозокот. Тој има доволно љубов и поддршка од семејството и пријателите, многу ја сака родната земја и затоа ПРОТЕСТИРА. Бидејќи е чесна, нормална и изградена личност која во секој момент знае што сака и каков живот сака да живее, јас многу го ценам и на сите од сè срце ви посакувам да одгледате такви деца и внуци.
П.С. На сите оние кои се прават дека живеат на Месечината и се задоволуваат со турски серии и празни кафе муабети - среќни празници, а останатите освестени хулигани и хулиганки, се гледаме секој ден во 6 пред СЈО.
Нема правда нема мир!
Извор: A1он