Уште само еден чекор и готов е!

30.04.2016 00:50
Уште само еден чекор и готов е!

Го тераме денот небаре живееме во нормална земја. Дисциплинирано ги извршуваме катадневните обврски, прво заради себе, но и заради останатите. Глумиме насила дека има институции, глумиме нормалност, глумиме пристојно општество, глумиме. Сета креативна енергијата се цеди во црната дупка на мафијата. Разговарам со една колешка, и двете велиме - мора сè да престане, зашто нема смисла повеќе. Сите ние сме во нивна функција, ние ги одржуваме глумејќи нормалност, наместо да им ја запреме машината и да престанеме да ги храниме. Ние од државните/мафијашки институции, сме нивните апарати додека тие се во кома, но попладне исцедени до даска, пак на адреналин, пак на улица. Сите живееме за денот кога ќе ги видиме клекнати пред правдата, неколкуте безвредни тела налик на луѓе. Тој ден Груевски и тајфата ќе видат колку луѓе навистина се радуваат на нивниот пад. Тој ден ќе нема место игла да падне на улиците. Ме прашувате - ама што потоа? Сте гледале филмови со сериски убијци? Замислете кога во филмот полицијата би престанала да го брка убиецот, зашто нема да знае што ќе прави после, откога ќе го фати?! Затоа ѝ порачувам на полицијата да ги исклучи апаратите од „пациентите“, кои се и онака безнадежни - да престане да го штити злосторничкото здружение. Тоа е ваша професионална и морална обврска. Кого ќе обезбедувате, решете се. Граѓаните, себеси, своите фамилии и својата иднина или мафијата! На вашите лица го нема повеќе студенилото од минатите протести, барем не кај сите. И вам ви е сè јасно. Ајде, уште само еден чекор и готов е!

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото