1020 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 05:59
Бог да ги запре немирите и војните кај нас и во целиот свет, повикува архиепископот Стефан во своето велигденско обраќање. Кои немири, прашува Бог!
Да не треба да ги запре сите немири?! Не, затоа што во тој случај не би имало страдање, а архиепископот, меѓу другото, повикува и на послушност и на страдање, како мерки на љубовта кон Бога и кон спасението. Велигден е, всушност, ден на радоста, пред кој и по кој е богоугодно да се страда. Мала пауза во страдањето. Без немири го нема и самиот Бог. И љубовта е немир. И Воскресението е немир!
Според тоа, кои конкретни немири во Македонија треба да ги запре Господ?! Да не се едни што се шарени?! Едни што ја одбиваат послушноста?! Едни што го одбиваат страдањето?!
Не, господине, Бог нема да ги запре немирите. Ако нестварните страдања на човекот се доказ дека Бог не постои, немирите можат да бидат знак дека тоа можеби и не е така. Не сите немири. И власта во Македонија е немирна, ех, колку е само немирна. И во МПЦ сте немирни!
Не, туку немирите на страдалниците кои се борат за подобар, подостоинствен живот, а некои и за елементарен спас! Вашата интерпретација на Велигден е манипулација која ја одржува, ја поддржува, дури ја слави ропската свест кај народот во името на власта! Две илјади години! Ние се бориме против тоа. Тие немири Господ ќе ги поддржи. Ако сака да го има!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња