Честит Први мај!

01.05.2016 01:58
Честит Први мај!

Роза Луксембург
Кои се зачетоците на Први Мај?

Всушност, што би можело да им даде на работниците поголема храброст и верба во својата сила од еден масовен прекин на работата за кој решиле тие самите? Што би можело да им даде повеќе храброст на вечните робови на фабриките и работилниците од раководењето со своите сопствени трупи?

Светлана Слапшак
Борба за 1 мај

1 мај е можеби најнапаѓаниот, најоспоруваниот меѓународен празник. Од чикашките настани во 1886, по кои 1 мај е прогласен за празник, кога бомба испрати во смрт неколку полицајци, потоа поголем број жртви од полициското пукање, и најпосле анархисти на кои им е судено, 1 мај често бил крвав. Забрануван, ограничуван, менуван, фалсификуван - сето сето тоа придонело празникот денес да има зачувано нешто од бунтовништвото.

Денис Пенел
Иднината на работата

Еволуцијата на работата во последните 20 години го поплочи патот за развој на многу нови форми на вработување. Денес речиси 40% од работната сила во ЕУ е вработена со нетипични договори какви што се договори за конкретни задачи, привремена работа преку агенции за вработување, повремена работа, договори со нула часови работно време, делење на работата, работа на повик, семејно вработување итн.

 

Кочо Рацин
До еден работник

Палати да праиш,
да живееш у изба -
од лулка до гроб
да бидеш роб.
Од вашата мака
да живеат друзи!

Ацо Караманов
(Го сакам металниот глас на моторот)

-Стани, работнику, и копнежи посеј
низ сите полиња и низ сите гори,
запеј ја својата неуморна песна
нов живот и младост да разгори.

Вуна
Првомајска

Многумина ќе речат дека главна заслуга на Чикашките настани е тоа што денес осумчасовното работно време е стандард кој не смее да се прекрши. Но, тоа е само една од можните манифестации на она што беше изнудено во 1886. Вистинската придобивка може да се разгледува само низ леќата на етиката. Вистинската придобивка на Првомајските побунети, оттаму, е победата на иделот за рамноправен третман на секое човечко битие.

 

Ѓорѓи Пулевски
Мрачната страна на македонскиот „текстилен рај“

И покрај законската одредба за минималните плати, во Македонија многумина не добиваат ни целосна минимална плата. Кога станува збор за текстилната и кожната индустрија, законите како да не важат.

Васил Куновски
Честит Први мај!

-Чичко, ај честит
овој убав мај,
радост нека блика
в сиов роден крај.

Миле Ситниковски
Си викам, да идам на Први Мај?!

Си викам, да идам на Први Мај, да му се сневиди, па и ја сум ти радник и ја сакам да идам на излет у Сарај или на Водно. Ама се премислувам. Kај може да се иде у Сарај кога е џенем далеку од кај мене у Аеродром. A на Водно некако не е фер на луѓето што си живеат у планината у тоа зградите да им се смета, да им пушташ музика од кола, да им бараш струја за електрична скара, за да не им димиш, а и да не попиеш и 300 еура казна ради тоа димот.

 

Шведска со успешен експеримент: 6 часа работно време без намалување на платите!

Трендот во развиената и пожелна за живот земја не е ограничен само на јавниот сектор, туку и приватните претприемачи станале свесни дека скратеното работно време ја зголемува продуктивноста на работниците.

(Видео) Први мај 1960

Во овој краток 10-минутен документарен филм во режија на Кочо Недков, забележана е парадата одржана на плоштадот Маршал Тито во Скопје, по повод прославата на празникот на трудот 1 Мај во 1960 година. На парадата учествувале работни луѓе, трудбеници, младина и пионери од целата република, претставувајќи ги своите достигнувања.

Арслан Новинарски
Работниците протестираат со едноминутно гасење на скарите

Работниците од Излетничкиот синдикат на Македонија денес на пладне ќе одржат масовен протест со едноминутно гасење на скарите на излетничките места. Целта на протестот е да се сврти вниманието на јавноста и конечно да се прекине првомајската традиција без демонстрации.

Недељко Драгиќ
Првомајска приказна (стрип)

 

Ѕвездан Георгиевски
Хонорарци

Барем во своите почетоци, хонорарот не е цена на трудот, туку награда за квалитетот и дополнително вложениот напор. И затоа, на пример, хонорарен доктор не е доктор што работи на хонорар, туку почесен доктор. За волја на вистината, подмолната неолиберална тактика го „хонораризираше“ општеството, па хонорарот сè повеќе, а денес и речиси дефинитивно, станува цена на трудот, плата, а сè помалку чест.

Милан Милошевиќ
Прекаријат

Благодарение на тоа што неолибералните реформи по 1970-те ја засилија преговарачката позиција на работодавците, голем дел од популацијата (работници во услужните дејности, младите, жените и имигрантите) е подложен на флексибилна експлоатација, флексплоатација (flexploitation).

Анфас
Синдикатот за никаде, газдите сѐ побезобразни

Кога синдикатот е мртво слово на хартија, врзан со десничарска власт како со папочна врвка, газдите преку своите моќни и богати бизнис асоцијации бараат леб преку погача. Неретко овие барања се граничат со безобразлук.

 

На сликите: Логоа и материјали со првомајски мотиви објавени во македонски дневни весници; (собрал: Небојша Гелевски)

Насловна слика: Александар Јосифовски

ОкоБоли главаВицФото